Кармичка астологија

Процесот на настани и последици кои се нарекуваат карма,понекогаш се прикажува како немилосрдна рака Божја,но човекот сам ја прави својата карма или пак ја ослободува правејќи добри дела.Господ е вечен сведок.Ние сами,со нашите дела одлучуваме за својата судбина.Во секој живот се раѓаме со одредена личност која се состои од елементи на матрицата на душата и како и актерите играме различни улоги но секогаш во склад со нашиот карактер.Нашата личност може да се развива само преку самиот живот.Она напредува или назадува,зависно од тоа како реагира на животните околности во кои се наоѓа.Се што ни се случува во животот,среќни или несреќни моменти,само се лекции кои треба да ги совладаме на патот кон совршенството и ослободување на душата од врската со овој свет.Толку долго додека постојат желби кај човекот,невозможно е да се избегне повторното раѓање.Желбите се тие кои не врзуваат за овој свет.Ослободувањето на душата доаѓа на планетава како учител,но нема врска со овој свет.Почетокот на сите проблеми и немири е факт дека сме изгубиле власт над своите чуства.Им допуштаме да дивеат и така престануваме правилно да расудуваме.Лутење,алчност и други страсти му даваат на човекот демонска особина и понекогаш го турка до животинско ниво.Толку многу пати сме биле заведени во погрешни акции и со тоа уште поцврсто сме се врзале со синџирите на кармата.Бесот е како дрога,мора да вложиме напор да се ослободиме од него.Затоа е потребно да ја откриме моќта на вишата интелегенција која е сокриена длабоко во нас...Кога доаѓа време на раѓање,се бира посебна врста на тело за одредена душа. Различните врсти на хемиски елементи од кои е составено телото,како и начинот на кој тие се комбинираат,претставуваат остварување на влијанието на планетарни те владетели,а раѓањето се случува во време кога планетите се наоѓаат во положбите  кои треба да заземат во однос на однапред одреден план кој се состои во самиот хороскоп.Така планетарните положби се совршена одредница за телото кое се раѓа,како и за карактерот,за тоа е задолжен Месецот што ќе го насели за одреден животен период.Положбата на Месецот во времето на раѓање ги покажува сите искуства од минатите животи,а Сонцето не упатува на она на што треба да внимаваме сега,а тоа е патот кон освестување и достигнување на вишо ниво на свест во сегашниот живот.

 

Овен


 

Во претходните животи сте биле емотивно неодлучни и зависни од други,па за вас е важно во емотивниот живот да преземете иницијатива,да инсистирате на свои потреби и желби,за да го пронајдете својот изгубен идентитет.Немојте да одите во друга крајност,претерана самосталност,што може да прерасне во егоизам.Упорност и самодоверба е она што ви е потребно...

 

Бик


 

Минатите животи што се позади вас биле емотивно нестабилни и жестоки.Сте го допреле самото дно,страдањето,стравот и големите страсти..Сегашниот живот ви е даден како прилика да се стабилизирате и приземјите.Стабилност,постојаност и спој на дела и пракса за вас е од големо значење.Време е да дозволите на вашата духовна личност да се манифестира со работа,да созрее и научи дека некаде на патот од минатите животи е заборавена...

 

Близнаци


 

Проблемите во изминатите животи за вас биле проблеми што произлегле од лоша комуникација со луѓето.Овој живот е прилика да увидите колку е важно да се каже она што се чуствува.Исправете ги пропуштените шанси за да го остварите емотивното разбирање и складноста.Посесивноста,оддалечувањето од луѓето и повлекувањето во себе,би требало да ги надминете...


 

Рак


 

Во овој живот учите да бидете приврзани и постојани,дека површноста и непостојаноста од минатите животи треба да ги преобразите во цврстина и поддршка и на другите и на себе.Без оглед на тоа како делувате надворешно,вашата внатрешност е мека како школка.Многубројните лекции од овој живот ве учат правилно да ги сватите фамилијарните односи и за вас се битни родителите и децата но не смеете да заборавите на себе...


 

Лав


 

Во минатите животи сте учеле да сакате непристрасно,да не ги издвојувате луѓето,но сега мора да научите емотивната енергија и сила да ги усмерите спрема одредени луѓе и области на животот што се значајни за вас.Имате скоро детска способност да доживеете среќа кога ве фалат и кога сте во центар на внимание,но нема ни да бидете гневни ако не ви покажат доволно внимание и почитување.Ваша лекција во овој живот е самодоверба и самопочитување...

 

Девица


 

Сегашниот живот ве учи да имате право на избор на она што ве задоволува,и тоа дека вистинските емоции се градат постепено.Мора да научите дека не може секогаш да се ослонувате само на други,туку само на себе,и тоа кога во потполност ќе научите да се прифатите себеси со сите маани и доблести.Чуството на вина ве следи од минатите животи,и ослободете се од тоа чуство...


 

Вага


 

Во минатите животи сте имале проблеми во односите со другите како и со спротивниот пол.Во сегашниот живот може да имате страв од луѓето,одбојност спрема групна работа и недоверба.За да ја исправите таа грешка,овој живот ќе ви нуди многубројни љубовни партнери и пријатели за да ја развиете хармонијата со другите луѓе...


 

Шкорпија


 

Сте добиле голем емотивен и интиувен увид во суштината на животот.Ви дава чуство на обврска која е пред вас и патоказ за тоа каде би оделе,како и елемент на предизвик.Стравовите од минатите животи се од болка и страдања,како и страв од губење на некој близок,па во овој живот би можеле да одите во друга крајност,во посесивност спрема блиските пријатели,партнерот,некогаш и несвесно,само да ги задржите за себе...


 

Стрелец


 

Во сегашниот живот сте дојдени да ги урнете своите предрасуди,да научите да бидете флексибилни,и во својата новооткриена страна на личноста да ја пронајдете својата слобода.Ширењето на толеранција е нешто што е одредница на вашиот живот,па и животот ќе ве води во тој правец.Затоа за вас се битни патувања и запознавања со разни култури...


 

Јарец


 

Искуството од минатите животи ве става во конфликт со авторитетот,па мислите дека другите ве контролираат или ги користат вашите слабости.Во овој живот учите да бидете одговорни спрема своите и туѓите емоции.Овој живот е живот на стабилизација.Треба да научите дека да бидеш одговорен и дисциплиниран не значи да бидеш ладен и дистанциран...


 

Водолија


 

Во минатите животи имало доста љубомора и посесивност на емотивен план.Предизвикот во сегашниот живот се состои во одделување од лажни слики,љубомора,посесивност,како и тоа да управувате со оние кои ги сакате.Мора да пружите слобода и на себе и на другите.Ваша задача е да равивате пријателски односи со сите,како и хуманост,великодушност и толеранција...


 

Риби


 

Во минатите животи не сте умееле да ја вреднувате вистинската емоција,како што и не сте имале време да и се препуштите..Сегашниот живот ви нуди шанса да научите да се препуштате на емоциите,да се збогатите себеси,како и самиот смисол на животот.Тука сте да научите дека сите сме дел од Еден,и со помош на тоа сознание да го довршите циклусот на емотивна отвореност што е започната пред повеќе животи...

 

Вицотека

Дошла плавуша од возачки испит и ја прашува другата плавуша:
- Не разбирам како паднав на возачки испит? Дојдов до кружниот тек,на знакот пишуваше 30 и јас 30 пати кружев околу знакот.Инструкторот ми рече дека паднав!
На тоа другата плавуша рекла:
- Можеби грешно си броела..

Посетители

Има 158 гости присутни