Пијалоци и витамини

ЗДРАВИ ПИЈАЛОЦИ
Кога станува збор за губење на тежината најдобро е да ги замените газираните сокови и енергетските пијалаци со свежо припремени сокови. Повеќето луѓе не сфаќаат колку калории внесуваат дневно преку пијалаците. На пример мока кафето содржи 500 калории! Ние одделивме само еден дел од оние пијалаци кои се здрави и кои ќе ви помогнат во намалување на килограмите и подобрување на метаболизмот.

ЛАДНА ВОДА
Најдобрата алатка за намалување на тежината е редовното консумирање на вода. Ако пиете доволно вода ќе се чувствувате сити, ќе ви се подобри метаболизмот, не содржи калории и е добар за целулитот. Некои истражувања покажуваат дека ако пиете плус 2 чаши од нормалното консумирање, дека ќе ви се подобри метаболизмот за 30%.

СОК ОД ЗЕЛЕНЧУК
Овој сок е исто толку нутриционистички како и овошниот, но со половина помалку калории. Повеќето сокови од зеленчук се богати со влакна што правата да се чувствувате сити

ОВОШНО ФРАПЕ
Направете го сокот со мешање на вашите овошни вкусови. Ставете и малку млеко без масти. Сето тоа ставете го во блендер. Не консумирајте шеќер, крем или други засладувачи кои може да додадат калории.

ЦЕДЕН СОК
Овошните сокови се полни со витамини, но многу е важно да купувате од оние кои се без шеќер. Но, сепак најдобра опција е вие да си исцедите. Овошните сокови содржат влакна кои ќе направат да ви се намали желбата за храна.

КАФЕ
Кафето има многу позитивни здравствени бенефиции и најдоброто е што не содржи калории. Црното кафе е богато со антиоксиданси кои го подобруваат расположението, ја подобрува концентрацијата, го намалува ризикот од дијабетес и рак. Најдобро успева во тоа што може долго време да ве држи сити

ЗЕЛЕН ЧАЈ
Како и кафето, зелениот чај има многу позитивни бенефиции и содржи многу антиоксиданси. Го подобрува метаболизмот ако се консумира секој ден и помага во зголемување на брзината на телото во горење на маснотии - дури за 40%.
МЛЕКО
Калциумот во млекото кои е без масти придонесува во намалување на масните келии во телото. Но не консумирајте многу млеко зошто тоа ќе допринесе за спротивен ефект. Доволно е дневно да консумирате 3 до 4 чаши.

ПРОТЕИНСКИ ПИЈАЛАЦИ
Протеинските пијалаци како на пример оние кои се во форма на прав, имаат одличен ефект ако сакате да загубите килограми. Протеините се многу важни за претворање на мастите во мускулите
ПИЈАЛАЦИ КОИ СОДРЖАТ ВЛАКНА
Постојат многу вакви пијалаци и можат да бидат одлично средство за намалување на килограмите. Влакната прават да се чувствувате сите и го надополнуваат телото со енергија.

ЈАБОЛКОВ ОЦЕТ
Звучи малку невкусно и можеби некои луѓе не би можеле да го консумираат, но јаболковиот оцет е здрав пијалак кој е многу познат по тоа што помага во губењето на килограмите. Иако не постојат истражувања кои го докажуваат ова, фитнес тренерите велат дека го подобрува метаболизмот ако се консумира редовно
ВИТАМИН Б 12
Ракчињата се најбогат извор на Б12 - во 100 гр. има 0.27 мг. од витаминот.
Витаминот Б12 (кобаламин) е витамин кој се раствора во вода и кој извршува бројни задачи, со кои го одржува здрав нервниот и крвниот систем.
КОЈА Е НЕГОВАТА ФУНКЦИЈА?
- го одржува нервниот систем преку учество во создавањето и одржувањето на миелинската обвивка (заштитна обвивка околу секоја клетка). Со тоа се обезбедува брз пренос на нервните импулси;
обезбедува нормално создавање на црвените крвни клетки.Препорачаната дневна доза е 2,4 микрограми на ден и тоа се однесува и на мажите и на жените.
КОЈА ХРАНА ГО СОДРЖИ?
ракчиња
остриги
риба
јајца
млечни производи
житарки
екстракт од квасец
нерафинирани јаглеродни хидрати
ЗНАЦИ НА НЕДОСТАТОК НА ВИТАМИН Б12:
Егзема, дерматитис, замор, лоша состојба на косата, слаба меморија и концентрација, анемија, иритираност и тензија. Покрај тоа, често пати се случува мускулите да бидат меки и да се чувствува болка.
Месото е сиромашен извор на витаминот Б12, а во зеленчукот воопшто го нема.
Зелен или црн чај?
Чајот има многу позитивни страни.  Луѓето кои дневно пијат 3 до 6 чаши чај го намалуваат ризикот за срцеви заболувања за 36%.


Зелен чај: Помага во борбата против ракот и при проблеми со очите.
Зелениот чај изобилува со антиоксиданси и други состојки за борба против заболувањата, кои исто така спречуваат појава на рак. Исто така зелениот чај е добар за зацврстување на коските затоа што содржи состојки за раст и заштита од кршење на коските. Покрај сите овие состојки, дел се резервирани за зголемување на енергијата, концентрацијата и плодноста, за намалување на холестеролот, за ослободување од стрес и несоница и за потпомагање на дигестивниот тракт.


Црн чај: Го намалува ризикот од оваријален рак.
Црниот чај го зголемува имунитетот, го намалува стресот, помага при контрола на дијабетесот и го намалува ризикот од оваријален рак дури за 50% (истото важи и за зелениот чај).
По горенаведените факти, претпоставуваме дека знаете дека зелениот чај е подобар од црниот, но тоа не значи дека треба да го тргнете црниот чај од листата на здрави продукти. Наш предлог е секојдневно да пиете по една чаша зелен чај и барем еднаш неделно една чаша црн чај. Избегнувајте ги чаевите во кои се додадени и други најчесто нездрави состојки. Бидејќи летото се ближи, за да се разладите, но и во исто време да пиете здрави продукти, во чајот додадете мраз. Тоа е одличен летен коктел.

ЗОШТО ВИНО?
Ефектите на алкохолот врз здравјето се предмет на дебата подолго време. Но, во едно можете да бидете сигурни, малите дози во никој случај не може да бидат штетни. Студиите покажуваат дека црвеното вино е богато со антиоксиданси и има ефект на аспирин со што оневозможува згрутчување на крвта. Жените (и сите луѓе над 65 години) треба да консумираат не повеќе од 125ml вино дневно, а мажите не повеќе од 250ml.
ВИТАМИНСКА ЛИСТА
Витамините се магични супстанци што му овозможуваат на нашиот организам да се спротивстави на болестите и да остане во топ форма и покрај годините. Но наместо да ги голтате како готови апчиња, сменете ја навиката и наместо тоа каснете јаболко или портокал пред компјутер додека работите. Лабораториското решение во никој случај не може да се мери со природното.
ВИТАМИН А
во овошјето и зеленчукот витаминот А се среќава како провитамин каротин, што организмот го трансформира во витамин А
НЕДОСТАТОКОТ ПРЕДИЗВИКУВА: намалување на видот, вознемиреност, мигрена, несоница, висок крвен притисок, кршење на коските, паѓање на косата, пореметување во менструалниот циклус.
ПРИСУСТВОТО ПРЕДИЗВИКУВА: урамнотеженост на сексуалните хормони, зајакнување на коските, косата и ноктите, заштита од инфекции и пореметување во бременоста, сон, подмладување на клетките, регулација на притисокот.
ПРИРОДЕН ИЗВОР:
Зеленчук: зелен зеленчук, моркови, роквици, компири, лук, домати, кромид.
Овошје: суво овошје, кајсии, лимони, портокали.
Разно: сирење, жолчки од јајце, масла од билно потекло, мед, полен, млеч, алги.
ВИТАМИН Б
претераната количина на витаминот Б може да предизвика грчеви, акни и шок
НЕДОСТАТОКОТ ПРЕДИЗВИКУВА: нервни и психички проблеми, оштетување на црниот дроб, анемија, неухранетост, ширење на очните капилари, катаракта, испукани усни и раце, студени раце, афти, лупус, парализа, смрт.
ПРИСУСТВОТО ПРЕДИЗВИКУВА: нервна рамнотежа, формирање на хемоглобин, стимулација на крвта и црниот дроб, рамнотежа во системот за варење, борба против запек и болеста Бери-бери, заштита, раст и пигментација на кожата, ноктите и влакната.
ПРИРОДЕН ИЗВОР:
Зеленчук: свеж зелен зеленчук, зелка, соја, интегрален ориз, комплетен јачмен.
Овошје: кикирики, свежо овошје, ореви, суво овошје.
Разно: јајца, путер, млеч, мед, квасец, алги.
ВИТАМИН Ц
не заборавајте дека од свенатото или сварено овошје или зеленчук, витаминот Ц потполно исчезнува
НЕДОСТАТОКОТ ПРЕДИЗВИКУВА: паѓање на забите, различни крвавења, целулит.
ПРИСУСТВОТО ПРЕДИЗВИКУВА: ги зајакнува крвните садови, зајакнување на десните на забите, регулирање на надбубрежната жлезда.
ПРИРОДЕН ИЗВОР:
Зеленчук: црвена зелка, спанаќ, кромид, пиперки, компир, роквици, домати, поточарка, мотиловка.
Овошје: рибизли, лимон, мандарини, портокали, цитрони, а најмногу го има во шипките.
Разно: мед, алги, полен, млеч, рен, магдонос.
ВИТАМИН Д
претераната употреба на витаминот Д го спречува дејството на витамините А и Е
НЕДОСТАТОКОТ ПРЕДИЗВИКУВА: рахитис, забен кариес, пореметување во растот.
ПРИСУСТВОТО ПРЕДИЗВИКУВА: зацврстување на коските, дава цврстина на кожата, го забрзува правилниот развој кај децата.
ПРИРОДЕН ИЗВОР:
Зеленчук: свеж зеленчук и било каква свежа салата.
Разно: мед, полен, млеч, алги, сончање, маслиново масло.
ВИТАМИН Е
предозирање со витамин Е може да предизвика пореметување во видот
НЕДОСТАТОКОТ ПРЕДИЗВИКУВА: стерилитет, полна немоќ, заболување на гениталните жлезди.
ПРИСУСТВОТО ПРЕДИЗВИКУВА: плодност, регулирање на сексуалниот живот.
ПРИРОДЕН ИЗВОР:
Зеленчук: поточарка, зелена салата.
Житарици: пченични никулци
Разно: билни масла, јајца, алги, млеч, полен, млеч, мед.
ВИТАМИН Ф
производите се единствениот извор на овој витамин
НЕДОСТАТОКОТ ПРЕДИЗВИКУВА: дегенерација на епидермот.
ПРИСУСТВОТО ПРЕДИЗВИКУВА: подмладување на подобрување на епидермот.
ПРИРОДЕН ИЗВОР:
Разно: алги, мед, полен, млеч, маслиново масло.
ВИТАМИН К
е неопходен за децата што често патат од анемија
НЕДОСТАТОКОТ ПРЕДИЗВИКУВА: хемофилија, анемија, пореметување во коагулацијата на крвта.
ПРИСУСТВОТО ПРЕДИЗВИКУВА: воспоставување на добра коагулација.
ПРИРОДЕН ИЗВОР:
Зеленчук: моркови, зелка, карфиол, спанаќ, домати.
Разно: интегрални житарици, мед, полен, алги.
Овошје: портокали
ВИТАМИН П
претераната употреба на витаминот П предизвикува појава на чир на желудникот
НЕДОСТАТОКОТ ПРЕДИЗВИКУВА: хемораргија, опасност од крвавење во мрежницата на окото.
ПРИСУСТВОТО ПРЕДИЗВИКУВА: васкуларна попустливост, свежина и еластичност на крвните садови.
ПРИРОДЕН ИЗВОР:
Овошје: портокали
Разно: јајца, мед, полен, млеч, алги.
Зеленчук: пиперки
ВИТАМИН У
и овој витамин можете да го најдете само по природен пат, не пости како синтетички производ
НЕДОСТАТОКОТ ПРЕДИЗВИКУВА: чир на желудник и дванаесетпалачното црево.
ПРИСУСТВОТО ПРЕДИЗВИКУВА: зацврстување на мускулите на органите за варање.
ПРИРОДЕН ИЗВОР:
Разно: мед, полен, млеч
Зеленчук: зелка, целер, моркови, домати, зелена салата.

ЧУДА ЗА ВОДАТА
Без вода нема живот, оваа фраза на сите ни е многу добро позната, но колку сериозно ја сфаќаме? Денес луѓето, особено децата, се помалку имаат навика да пијат вода. Постојат и случаи на деца што буквално се гадат да пијат вода иако таа нема вкус и мирис. Од тие причини бројот на заболените од камен во бубрег се зголемува од година во година. Имајте на ум дека вода си е вода, неа не може да ја замени ниту еден сок без разлика што е евтин!
ПРАВИЛА ЗА ПИЕЊЕ ВОДА:
Генерално, светски познатите нутриционисти препорачуваат дневно да се пијат по 8 чаши вода.
Ако практикувате да спортувате тогаш количината на водата што ја пиете ќе мора да се зголеми.
Можете да го намалите бројот на чашите ако често пиете друг тип на течности, но тоа не значи во целост да ја замените водата.
Правилото дека и покрај останатите течности, мора да се испие 2 литри вода е апсурдно. Супата, чајот, сокот...се тоа влегува со мал процент во задолжителната дневна количина вода за пиење.
Вода се пие пред јадење, но никако во текот или после јадењето. Водата ги разградува желудочните сокови и на тој начин се забавува процесот на варење на внесената храна.
ЈА ОДРЖУВА ЛИНИЈАТА!
Водата го забрзува метаболизмот и прави да се чувствувате полни. Обидете се соковите да ги замените со вода, а пред секое јадење практикувајте да испиете една чаша. Студената вода е уште подобра за слабеење бидејќи телото ќе искористи многу повеќе калории за да ја затопли.
ЈА ЗГОЛЕМУВА ЕНЕРГИЈАТА!
Првиот симптом на дехидрацијата е уморот. Ако се чусвтувате немоќно, напијте се вода бидејќи таа го забрзува транспортот на кислородот и другите есенцијални состојки до клетките. Ако пиете доволно вода го штедите и срцето да не мора силно да пумпа крв.
ГО НАМАЛУВА СТРЕСОТ!
85% од мозочното ткиво е вода. Ако дојдете до фазата на дехидрацијата, подеднакво ќе страда и организмот и мозокот од стрес. Доколку почувствувате жед значи сте почнале со процесот на дехидрација. За да се решите од стресот на работнара маса чувајте си шишенце вода.
ГО ГРАДИ МУСКУЛНИОТ ТОНУС!
Водата влијае во одржувањето на цврстината на мускулите и оневозможува тие да виснат. Доколку редовно пиете вода ќе имате многу повеќе снага за да ги издржите напорните тренинзи
ЈА НЕГУВА КОЖАТА!
Водата е најефикасната природна крема за лице. Водата ги храни клетките на кожата, тие се напумпани правејќи ја кожата истегната. Штом ги оставите без вода тие ќе се исушат, а на површината на лицето ќе се појават брчки.
ГО РЕГУЛИРА ВАРЕЊЕТО НА ХРАНАТА
Заедно со растителните влакна, водата е најдобриот регулатор на дигестивниот тракт. Водата помага при варењето и на тешкосварливата храна. Доколку имате проблеми со столицата почнете почесто да пиете вода.
ГО НАМАЛУВА РИЗИКОТ ЗА КАМЕН ВО БУБРЕГ!
Процентот на луѓето што страдаат од камен во бубрег се зголемува од причина што луѓето се помалку пијат вода. Водата ги разложува солите и менралите што се наоѓаат во мочнио меур и на тој начин оневозможуваат создавање на кристали познати како камен во бубрег.
ВИТАМИНСКИ ДОДАТОЦИ ВО ИСХРАНАТА
Вашиот имунитет зависи од вашите навики во исхраната. Доколку не се храните правилно, ризикувате да бидете жртва на сите болести и настинки. Секој организам има дневна потреба од витамини и минерали за нормално да функционира.
Сигурни сме дека ова веќе го знаевте, но кај вас постои проблемот на немање доволно време. Колку и да сакате, не можете секогаш да уживате во свеж и здрав оброк. Брзата храна стана дел од вашето секојдневје.
Последиците од тоа се страшни, константен замор, недостиг од енергија, и други посериозни тешкотии на организмот. Сето тоа е резултат на недостиг од одредени витамини и минерали. Тој недостиг мора да се надополни со готови суплементи.
Недостигот од калциум предизвикува остеопороза, недостигот од железо предизвикува анемија, недостигот од цинк предизвикува слабеење на видот, недостигот од магнезиум го разболува срцето. Доволно јасна ви е зависноста на здравјето од витамините и минералите.
Но, и тука постојат правила. Не значи дека ако витамините се здрави за организмот, може да ги земате во неограничено количество. Прекумерното земање на витамините може да ја наруши природната рамнотежа на хранливите материи.
Некои од витамините како витаминот А, Д, Е и К може да бидат токсични. Тука особено треба да внимаваат трудниците и луѓето што примаат редовни терапии. Што значи, готовите суплементи се препорачуваат, но дневната доза најпаметно е да ја утврди лекар.
Кога се чувствувате уморни, раздразливи, немате апетит, ви се врти, можете на своја рака да пиете витамин Ц и Б. Имунитетот слабее или, пак, организмот се подготвува да настинува. Тогаш е јасно дека имате недостиг од витамини. Секако не заборавајте на овошјето и на зеленчукот, сепак природно си е природно.
ТЕЧНОСТИ ЗА СЕКОЈ ДЕН
Кога станува збор за течности, ги има многу кои можете да ги пиете слободно без притоа да се сомневате дека се штетни или дека ќе ја зголемат вашата тежина. На прво место секако е водата. Нема ниту калории, здрава е да се пие во големo количeство и достапна е на секаде.
Тоа на што треба да внимавате се пијалаците што содржат шеќер. Освен што може да ги покачат килограмите, редовното пиење води до појава на дијабетес тип 2.
Кои напивки можеме да ги консумираме секојдневно?

Кафе и чај
Не содржат калории, освен ако ги збогатувате со шеќер, особено кафето со сладолед или со крем. Им годат на поголем број луѓе. Корисни се во многу ситуации.

Диетални сокови
Ваквите напивки исто така не содржат шеќер, но нивното долгорочно дејство врз тежината и општо врз здравјето на човекот, не е познато. Затоа, пијте ги во ограничено количество
100 % сок од портокал
Овошните сокови се одличен извор на витамини, но содржат значително количество калории. Не велиме дека треба да се откажете од нив, но не пијте повеќе од една чаша дневно.
Млеко
Логично дека млекото содржи калории, но истовремено е богат извор на калциум. Доколку не јадете млечни производи, не смеете да се откажете и од млекото, во спротивно можете да го намалите. Доколку сте загрижени дека ќе се здебелите, ограничете го консумирањето на една чаша дневно.

Алкохол
Чаша вино, колку што може да биде здрава за крвта и за циркулацијата, толку може да биде и отров за црниот дроб. Сe зависи од дозата и човекот што пие. Мора да бидете внимателни и да пиете минимално количество.
ВИТАМИН D
Млекото е незаменлив дел од исхраната бидејќи е богато со калциум и фосфор, кои влијаат на растот, коските, ноктите, забите.  Но без присуството на витаминот д, организмот не може да ги искористи таквите ефекти.
Докажано е дека д витаминот влијае на коските, градите, цревата, белите дробови, бубрезите, простатата, желудникот, матката и кожата. Оттука тој е одговорен за здравјето и нормалното функционирање на сите овие органи.
Витаминот д се добива преку  изложувањето на сонце, затоа луѓето со потемен тен треба подолго да се сончаат.
Во зимските денови внесувајте го преку две лажици рибино масло дневно, а го има и во сокот од портокал.

Вицотека

Дошла плавуша од возачки испит и ја прашува другата плавуша:
- Не разбирам како паднав на возачки испит? Дојдов до кружниот тек,на знакот пишуваше 30 и јас 30 пати кружев околу знакот.Инструкторот ми рече дека паднав!
На тоа другата плавуша рекла:
- Можеби грешно си броела..

Посетители

Има 154 гости присутни